Поврзете се со нас

Свет

Ал-Келаифи повторно ги нападна „суперлигашите“: Одредени клубови сакаат да пукаат во празно

Објавено

на

Насер Ал-Келаифи ја презема претседателската функција во Европската клупска асоцијација и стана најблизок соработник на Александар Чеферин по епизодата „Супер лига“.

Претседателот на ПСЖ и вчера повторно ги „поздрави“ трите клуба кои останаа во проектот, потсмевајќи се со нивната желба да се инаетат кога проектот е пропаднат.

– Додека клубовите-бунтовници трошат енергија, ја извртуваат реалноста и пукаат во празно, ние останатите продолжуваме напред во обид да изградиме уште подобра иднина за европскиот фудбал.

– Нема да трошам повеќе време да зборувам за 18. април и за не толку супер лигата, бидејќи не сакам да зборувам за пропаднати проекти.

– Заедно ги штитиме интересите на фудбалот, за клубовите, фудбалерите и фановите, – изјавил Ал-Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни