Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев подобра во дербито со Шкендија, Македонија ЃП спаси бод против Шкупи

Објавено

на

Екипата на Академија Пандев се доближи до конечен пласман на втората позиција на првенствената табела откако денеска славеше со 4:2 во дерби пресметката против Шкендија.

Струмичани беа подобри во текот на целиот натпревар и на крај заслужено ги задржаа трите бода, притоа преземајќи ја втората позиција на првенствената табела.

Бихорац и Илиев погодија за 2:0 за пандевци, а до крајот на полувремето Киврак намали на 2:1. Во вториот дел  Академија Пандев постигна уште два гола преку Илиев и Горгиев, а конечниот резултат го постави Гури.

Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите играјќи 1:1. Актуелниот шампион поведе со фантастичниот гол на Кевен во 58. минута, а клубот од Ѓорче Петров израмни од пенал во 96. минута и остана во трката за пласман во Европа преку лигашката табела.

Работнички со 2:1 славеше против отпишаниот Борец,  Ренова славеше на гостувањето кај тиквеш со 1:0, Струга Трим Лум со минимални 1:0 ја совлада Брегалница, а Скопје беше подобар од Пелистер со 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни