Поврзете се со нас

Шпанија

Агуеро го именуваше најладниот соиграч кој го имал во Барселона: Ме гледаше чудно….. (Видео)

Објавено

на

Кун Агуеро веќе некое време е познат по своите обраќа на стриминг платформата Твич, а негови соговорници во најавата за мундијалот беа поранешните соиграчи од Манчестер Сити и Барселона.

Родри и Бускетс имаа нависитна интересно дружење со секогаш расположениот Кун, кој на двајцата им го посочи фудбалерот кој бил убедливо најчудниот во тимот на Барса.

Агуеро имаше доста кратка авантура во Барселона и мораше да стави крај на кариерата поради проблеми со срцето, но и тој период бил доволен за да сфати дека Марк Андре Тер Штеген навистина е човек кој го негува германскиот менталитет.

– Тер Штеген никогаш не ги сфаќаше моите шеги. Знаев да се движам чудно пред да му се приближам и да му речам „Што има Марк“.

– Тој само ќе ми испратеше ваков поглесд и ме гледаше како најчудниот човек во светот. Знам дека е Германец и се тоа, но беше навистина сериозен, – открива Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни