Поврзете се со нас

Мото ГП

Агостини: Роси треба да има храброст и да го направи тоа што е многу тажно!

Објавено

на

Валентино Роси заврши десетти на домашното гран-при во Италија каде обично во минатото знаеше да ги израдува големите тифози, што е само потврда за неговиот катастрофален старт во Петронас Јамаха тимот во кој се пресели на крајот на минатата година.

Искусниот Мото ГП шампион е далеку од препознатливата форма и деновите кога се бореше за највисок пласман на пиедесталот, па освоените 15 бода по шест извоени трки во новата сезона се најдобар доказ дека Роси има огромни проблеми да се адаптира на новиот мотоцикл.

Валентино е на 19-то место во генералниот пласман и многу далеку од борбата за самиот врв на секоја од трките, поради што легендарниот Џакомо Агостини кој е и сонародник на „Докторот“, му порача дека е време за пензија.

– Жално е да се гледа Валентино толку далеку од водечките во Мото ГП, уште пожално е за неговите фанови. Тие се уште се надеваат дека ќе дојде добар резултат. Не може да биде среќен кога постојано е позади, а претходно цел живот се бореше за врвот и беше научен да остварува најдобри резултати.

– Го почитувам неговото мислење, неговата идеја, но исто така е многу важно да сфатите кога треба да кажете стоп. Треба да изберете кога е време за пензија. Треба да има храброст и да каже доста. И мене ми беше многу тешко, но мора некогаш да кажете „стоп“ иако тоа е многу тажно, – вели 15-кратниот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни