Поврзете се со нас

Свет

Агире танцуваше на свадбата на својот син, па заработи казна и карантин (Видео)

Објавено

на

Поранешниот тренер на Атлетико Мадрид, Хавиер Агире, заработил казна поради тоа што присуствувал на свадбата на својот син во Мексико Сити.

Искусниот фудбалски стручњак ги прекршил ковид протоколите, откако на социјалните мрежи се проширила и снимка на која се гледа како Агире танцува без маска и во друштво на останатите гости на свадбата.

Агире е тренер на Монтереј во својата родна земја, а дисциплинската комисија на мексиканската лига му наложила да оди во карантин 10 дена, што значи дека ќе пропушти неколку натпревари на својата екипа.

Тренерот ќе добие и парична казна, а денеска јавно се извинил.

– Точно е дека во одредени моменти не го почитував протоколот, но јас и мојата сопруга сме вакцинирани, исто како и постарите луѓе во нашето опкружување. Направив грешка и ќе ја прифатам казната, – изјавил Агире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни