Поврзете се со нас

Свет

Абутовиќ: Пет пати ми го кршеа носот, но сега конечно можам да дишам нормално

Објавено

на

Илија Абутовиќ останува запаметен меѓу македонските ракометни фанови како играч кој мина седум години во дресот на Вардар, а беше и важен дел од шампионската генерација која ја освои првата од двете европски титули на „црвено-црните“.

Српскиот играч специјализиран за одбрана во своето последно интервју зборувал на повеќе теми, вклучувајќи го и својот напредок додека бил дел од македонскиот тим.

– Почнав да играм само одбрана во Вардар, во период кога тренер беше Веселин Вујовиќ, од него научив многу ракометни финеси.

– Најважните работи ги научив од Раул Гонзалес и Давид Дејвис, кој денеска е тренер на Веспрем. Тоа беше потполно ново размислување и систем, тактика, се знаеше точно која е мојата улога, во овој период научив да играм „со глава“, – вели Абутовиќ.

Актуелниот ракометар на Рајн-Некар Левен вели дека летово направил операција на носот, со кој имал доста проблеми во минатото.

– Носот ми беше скршен точно пет пати за време на кариерата. Последен пат ми го скрши Карачиќ во 2016 година, кога на натпревар ми влета со лакт, по што не беше добро наместен и остана малку крив.

– Поради тоа не можев правилно да дишам, па сега искористив шанса и се оперирав во Нови Сад. Првпат во животот дишам на нос, само да не ме удри некој повторно, – дополнува Абутовиќ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни