Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари го награди Леклер со богат договор (Фото)

Објавено

на

Возачот од Монако стави потпис на нов договор според кој ќе остане верен на италијанскиот тим до 2024-та година, потег кој дефинитивно покажува дека Ферари има максимална верба во квалитетите на младиот Леклер. Според новиот договор, Леклер ќе заработува трипати повеќе од тоа што го заработуваше досега, или поточно, неговата годишна плата ќе изнесува 9 милиони евра.

Леклер имаше седум пол-позиции и оствари две победи изминатава сезона во која шампион беше Луис Хамилтон, а со овој потстрек кој го доби од тимот, сигурно ќе влезе со далеку поголеми амбиции наредната година.

– Екстремно сум среќен што продолжувам со Скудерија Ферари уште пет години. Благодарен сум што возам за ваков тим. Научив многу во оваа прва година и тоа беше добра отскочна даска за да создаваање на силна врска за годините кои претстојат, – порача Леклер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни