Поврзете се со нас

Лига на нации

СКАНДАЛ ВО НАЈАВА: Косово пред суспензија, Македонија директно во финалето од Лигата на нации?

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија би можела директно да се пласира во финалето од Лигата на нациите без да го одигра натпреварот против Косово кој на програмата е закажан за 26 март.

Имено, како што пренесува порталот Инфоспорт, големи се шансите Косово да добие суспензија од УЕФА и ФИФА во траење од две до пет години.

Причината за тоа е хаотична ситуација околу Фудбалската федерација на Косово. Според написот, постојат обиди политичките партии од Косово да го сменат актуелниот претседател, Агим Адеми, што се коси со правилата на ФИФА и УЕФА. Двете фудбалски институции се познати по својот ригорозен однос кон мешањето на политиката во спортот, па ваквите обиди на локалната власт во Косово да го сменат претседателот на фудбалската федерација се под лупа на европската и светската куќа на фудбалот.

Според оваа сторија ваквата политичка интервенција во фудбалот во Косово, нужно води кон реакција на УЕФА и ФИФА, поради што суспензијата на репрезентацијата е сосема можна, иако таа се уште е во игра за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година. Косово треба да и гостува на Македонија, а победникот од оваа средба, ќе патува на гости во финалето кое ќе се игра на терен на победникот од мечот Грузија – Белорусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни