Поврзете се со нас

Свет

Одличен викенд за Иџе: Стефановски со фантастичен резултат и на втората трка на Имола!

Објавено

на

Игор Стефановски Иџе уште еднаш демонстрираше дека е максимално конкурентен и опасен кога не добива „сопки“ од стјуардите, па така непосакуваната епизода од пред два месеци ја остави зад себе со два одлични резултати во два дена.

Најдобриот македонски автомобилист вчера заврши на пиедесталот како третопласиран на првата трка, а попладнево на втората трка на Имола повторно се избори за подиум откако заврши втор. Во самата завршница на денешната трка имаше и драматична ситуација, бидејќи Џакомо Гвидети го помина нашиот возач во последните метри од трката, но притоа направи прекршок бидејќи го потчукна автомобилот на Иџе.

За разлика од претходно, стјуардите денеска покажаа максимална професионалност, па така пресудија во корист на Македонецот, враќајќи му го второто место кое го заслужи. Инаку, денешната трка ја доби Салваторе Тавано, возачот кој е и прв во генералниот пласман во ТЦР Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни