Поврзете се со нас

Шах

Николовски го освои „Скопје Опен“, фаворитите останаа непоразени! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено

на

ИМ Никола Николовски е победник на возобновениот турнир „Скопје Опен“, кој што се играше минатава седмица со учество на околу 80 шахисти. Според стартниот рејтинг тој беше трет носител на турнирот, а на крајот е прв на табелата со 7,5 бода од 9 партии, шест победи, три реми, без ниту еден пораз.

Со идентичен скор како и победникот беа ИМ Борољуб Златановиќ (Србија) и ИМ Вјачеслав Тиличеев (Русија), кои на крајот според „тај-брејк“ критериумите (популарно познат како „Бухолц“) беа рангирани како второпласиран и третопласиран. Со победа во последното коло, на четвртото место се најде ФМ Тони Лазов со 7 бода, бидејќи имаше едно реми повеќе од конкурентите.

На делба на петтото место се најдоа велемајсторите Звонко Станојоски и Владимир Димитров (Бугарија) со 6,5 бода. Горан Главинац со 6 поени ја предводи групата играчи од 7 до 13 место, етаблирајќи се како најдобар од аматерите на турнирот, притоа единствен играч што на целиот турнир играше со сите тројца велемајстори и остана непоразен, освен во дуелите со Николовски и Лазов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни