Поврзете се со нас

Мото ГП

Мото ГП „бомба“: Хонда го објави името на возачот кој ќе го наследи пензионираниот Лоренцо!

Објавено

на

Еден ден по завршувањето на сезоната во Мото ГП, Репсол Хонда излезе со официјално и бомбастично соопштение до сите големи љубители на мотоциклизмот, објавувајќи дека наредната сезона боите на овој јапонски великан во мотоциклизмот ќе ги бранат браќата Маркез.

Марк Маркез вчера со победа на најдобар можен начин ја заокружи перфектната сезона во која ја освои шестата титула во Мото ГП, но откако Лоренцо одлучи предвремено да се пензионира, негов нов тимски колега наредната сезона ќе биде всушност неговиот помал брат, Алекс Маркез.

Алекс ја освои титулата во Мото 2 шампионатот оваа сезона, по што Хонда одлучи да направи братска спојка за новата сезона, експресно пронаоѓајќи го наследникот за петкратниот шампион Хорхе Лоренцо кој вчера во Валенсија се збогуваше од фановите.

– Хонда Корпорацијата со задоволство го соопштува ангажманот на двократниот светски шампион Алекс Маркез. Младиот шпански возач му се приклучува на Хонда тимот на едногодишен договор, – гласи соопштението на Хонда кое всушност ни донесе и историја.

Фактот што Марк и Алекс ќе бидат во ист тим во следната натпреварувачка сезона е уникатно сценарио, бидејќи никогаш претходно двајца не биле дел од ист тим во „кралската класа“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни