Поврзете се со нас

Репрезентација

Брестовац избра 20 ракометари за завршната селекција: Сите знаат зошто не патуваат за Словенија!

Објавено

на

Веднаш по новогодишните празници, македонската најсилна селекција сериозно ќе се фати за работа и ќе ги стартува завршните подготовки за Европското првенство, па како што се очекуваше, селекторот Данило Брестовац ова попладне ги селектираше 20-те ракометари кои ќе го истераат последниот селективен круг.

Македонскиот селектор ќе работи со 20 ракометари на подготовките во Словенија, по што ќе направи ново, завршно кратење со кое ќе бидат и дефинитивно избрани финалните патници на континенталниот собир.

– Имав состанок со сите ракометари со кои работев, на секој поединечно му образложив зошто останува во селекцијата, а зошто не. На секој му објаснив што оставрил од тоа што очекував, а што не. Сите ги прифатија моите одлуки, – порача Брестовац на при денешното обраќање во просториите на РФМ.

Список на ракометари кои ќе ги одработат подготовките во Словенија:

Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски. Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Мартин Серафимов, Мартин Велковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни