Поврзете се со нас

Светски првенства

Бразил доживеа болен пораз, легендарната Марта со епски говор ја воодушеви фудбалската јавност (Видео)

Објавено

на

Покрај случувањата во машкиот фудбал каде во овој момент актуелни се натпреварувањата во Копа Америка, Африканскиот Куп на нации и Европското првенство до 21 година, изминативе денови се играа и осминафиналињата на Светското првенство во женска конкуренција, рунда во која беше елиминиран еден од главните фаворити за титулата.

Бразилките загубија со 2:1 во возбудливиот меч со Франција кој беше решен по дополнителни 30 минути игра, а бидејќи овој неуспех се пренесе со големо разочарување во најфудбалската земја во светот, посебно внимание дефинитивно привлече изјавата која ја даде легендарната Марта која во шест наврати е избрана за најдобра фудбалерка во светот.

– Фудбалот бара повеќе залагање, повеќе тренирање, повеќе водење грижа за себеси. Треба да бидете подготвени да играте 90 минути и плус дополнителни 30. Ова го барам од девојките. Нема Форминга да трае вечно, нема Марта да трае вечно, нема да биде тука и Криштиане. Женскиот фудбал ви припаѓа вам и треба да го одржите во живот. Размислете за ова и ценете го повеќе. Плачете на почетокот за да се радувате на крајот, – гласи емотивната порака на капитенката на Бразил која служи како добра лекција за сите девојки кои планираат да се занимаваат со фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни