Поврзете се со нас

Автомобили

Анализа на германскиот TUV: Бриџстоун е лидер кај зимските пневматици

Објавено

на

Новата генерација на гумите „Bridgestone Blizzak LM005“ се случи во февруари 2019 година, токму во Червенија како еден од најпознатите зимски центри во Италија, лоциран на Алспкиот планински масив.

Од тогаш наваму, бројни независни тестови направија споредби на различни гуми, особено во премиум сегментот каде што конкуренцијата е на глобално ниво, со брендови како „Good Year“, „Michelin“, „Continental“, „Pirelli“ и други. Како еден од најрелевантните се смета оној на германскиот институт TUV, кој за оваа намена користеше автомобил „Голф 7“, кој има зафатнина на моторот од 1,6 литри, додека пневматиците беа со димензија 195/65/R15.

Два сегмента во кои новата шара и новата смеса употребена за изработка на „Bridgestone Blizzak LM005“ се покажаа пред конкуренцијата се токму во доменот на управливоста во зимски услови: сопирање и држење (контакт) на мокра подлога, како и сопирање во услови на снег и мраз.

Имено, при намалување на брзината од 100 километри на час до нула на сува подлога, измерени се 44,1 метри со „Bridgestone Blizzak LM005“, додека по 0,7 метри задоцнуваат „Continental Wintercontact TS860“ и „Michelin Alpine 6“, додека разликата од другите е повеќе од цел метар.

 

Слично на ова, но во сопирање на мокра подлога, при брзина од 20 километри на час, овие пневматици прават разлика од два метра до најблискиот конкурент. Во услови на латерален контакт со подлогата, типичен при свртување на мокра подлога, овие гуми се измерени со параметар 6,53 метри во секунда, а најблиските два конкурента имаат остапување од 3% до 4%.

Целата гама на „Blizzak LM005“ е означена со ниво „А“ за контакт со подлогата во услови на дожд, временска состојба која се смета за најпроблематична на патиштата низ Европа, со што овие зимски гуми се први кои можат да се пофалат со оваа ознака, почнувајќи од величините со 14 инчи, а завршувајќи со оние од 22 инчи. Во моментов се произведуваат 116 различни комбинации на пневматиците, а дополнителни 40 ќе бидат вклучени во асортиманот од 2020 година. Во 24 изведби на најпродаваните димензии, ќе биде достапна и технологијата „Drive Guard Run Flat“, со што се гарантира најмалку 80 километри со дупната гума со брзина од 80 км/ч при дефект.

Гумите на Бриџстоун ги поседуваат ознаките „М+Ѕ“, како и графичкатѕа ознака „Планински три врва“, со што ги задоволуваат барањата на европската легислатива како производи кои се наменети за сообраќај во зимски услови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни