Македонија
Звукот од тркачкиот автомобил на Иџе ја разби монотонијата во Скопје за време на полицискиот час (Видео)

Како што беше најавено, Игор Стефановски Иџе го размрда Скопје во понеделничкиот полициски час, иницијатива која самостојно ја покрена со својот шампионски тим со цел да им оддаде почит на луѓето кои од првиот ред се борат со коронавирусот.
Европскиот шампион на ридски патеки и неколкукратниот учесник на кружните патеки ги искористи празните улици во главниот град за да направи едно промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош, а парадата на најдобриот македонски возач стартуваше во 18:00 часот.
Иџе добиваше поддршка од балконите и дефинитивно со звукот на својот тркачки автомобил ја разби монотонијата во полицискиот час, при што имаше средба и со министерот за Здравство, Венко Филипче.
Иџе го прогласи за национален херој во овие тешки моменти и им оддаде почит на сите останати здравствени работници, полицајци и останати лица кои се борат со невидливиот непријател, посакувајќи улиците во нашиот град никогаш повеќе да не бидат празни како денеска.
– Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност, – порача Иџе.
Gepostet von Igor Idze Stefanovski am Montag, 25. Mai 2020
Gepostet von Igor Idze Stefanovski am Montag, 25. Mai 2020
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија23 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)