Поврзете се со нас

Евролига

Звезда му упати понуда на Лука, Дончиќ сениор со порака: Одговорот е познат (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Црвена Звезда направи изненадување и го победи Олимпијакос со 87-79 во Евролигата, средба на која присутни доста познати имиња како нашиот Перо Антиќ, но и таткото на НБА ѕвездата, Лука Дончиќ, господинот Саша.

Саша беше интересен за медиумите кај нашиот северен сосед, па меѓу другото беше запрашан дали неговиот син може да заигра за „црвено-белите“ во иднина.

-Тоа мислам дека е прашање за него. Веќе го прашавте на ЕП во 2017 година, мислам дека одговорот е познат, -порача Дончиќ сениор.

Членот на Далас пред неколку години има посочено дека сака во иднина да игра во Звезда и пред навивачката група „Делии“ што значи дека клубот од Белград може да се надева дека во некое време ќе може да смета на услугите на еден од најдобрите играчи на планетава.

Воедно Звезда му упати и понуда на плејмејкерот да дојде во српската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни