Поврзете се со нас

Свет

Звезда ангажираше центар од Барселона, Панатинаикос исполни уште една желба на Атаман

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBbasket

Евролигашите се супер активни на пазарот, па така Црвена Звезда и Панатинаикос додадоа по уште еден играч во своите ростери за престојната натпреварувачка кампања.

Нов член на „црвено-белите“ е доскорешниот центар на Барселона, Мајк Тоби. На Тоби му заврши договорот со каталонците и реши да ја прифати понудата од Звезда која претходно ги привлече и Дејан Давидовац, Милош Теодосиќ, Адам Ханга и Марко Симоновиќ.

Се очекува наскоро да потпише и плејмејкерот Шабаз Нејпир, додека досега соработката е продолжена само со Лука Митровиќ.

Панатинаикос пак исполни уште една желба на новиот тренер Ергин Атаман, па од Шпанија и Хувентуд пристигна Кајл Гајл. Хувентуд во претходниве денови се одбрани од нападот на Валенсија за услугите на Кајл, но „детелинките“ пристигнаа и ќе го откупат неговиот договор од составот од Бадалона.

Гајл е некогашен играч на Сакраменто Кинс и Мајами Хит кој во минатата сезона имаше двоцифрени бројки за Хувентуд како во АЦБ лигата така и Еврокупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни