Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан започнува со офанзивна формација, Тухел направи една промена од пресметката во Мадрид (ФОТО)

Објавено

на

Вечерва во Лондон ќе го добиеме вториот финалист во Лигата на шампионите, поточно тимот кој на крајот на овој месец ќе се соочи со Манчестер Сити во битката за трофејот во Истанбул.

Дилемата е Челси или Реал Мадрид, клубови кои реваншот на „Стемфорд Бриџ“ ќе го отворат со резултат 1-1 кој беше остварен мнатата седмица во Мадрид. Ова е резултат кој бара од „кралевите“ да мораат да дадат најмалку еден гол, па тренерот Зинедин Зидан уште од почеток ќе тргне офанзивно во формацијата 4-3-3 во која најистурени ќе бидат Карим Бензема, Винисиус Жуниор и Еден Азар.

Меѓу стартерите се и повратниците Рамос и Менди.

Кога се во прашање „сините“, менаџерот Тухел се одлучи само за една промена од почетниот состав од првата средба, односно местото на Пуличиќ во нападот ќе го заземе Хаверц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни