Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош

Објавено

на

Зинедин Зидан одново се најде во едно полуфинале во Лигата на шампионите како тренер на Реал Мадрид, па така останува поразот од Манчестер Сити од минатата година како единствена елиминација за него како стручњак во една нокаут фаза во најелитното натпреварување.

Францускиот стручњак беше доста оспоруван и оваа сезона како и многупати досега, но тој одново успеа да се издигне како феникс и во моментите кога се играат најважните натпревари во сезоната, Реал одново се бори за двете најдрагоцени титули.

Реал утре ќе има навистина тежок натпревар против Хетафе во малото градско дерби, не поради силата на ривалот, туку поради фактот што поради сите околности и повредените фудбалери, Зизу може да смета само на 13 играчи и тројца голмани. Како што му доликува, Зидан не го спомена ова ниту еднаш на пресот и не си бара изговори пред време, но затоа одговори на прашањето кое му го постави еден новинар.

Честопати во јавноста се добива впечаток дека Зидан има огромна среќа како тренер, но тој вели дека сепак не е толку катастрофално лош тренер како што сака некој да го прикаже.

– Моето мислење нема да смени ничие друго. Дали имам среќа? Да, виситна е дека имам среќа, имам среќа што располагам со вакви играчи, но исто така, не верувам дека сум толку катастрофално лош тренер. Ниту пак сум најдобар. Најважно е да се покаже страст, да се вметне страст и цврсто да се стои на земја. Најважни се играчите, тие се на прво место.

– Мојот најдобар квалитет како тренер? Уживам во тоа што го работам секој ден, навистина уживам во работата. Добри сме како целина. Знаеме да страдаме за да победиме и тоа е многу важно, – порача Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни