Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан: Резултатот е фер, знаеме како да одиграме на гости

Објавено

на

Реал Мадрид и Челси ремизираа во првата полуфинална средба во Лигата на шампионите што дефинитивно е најава за отворен и пеколен реванш во Лондон кој е на програмата наредната седмица.

„Кралевите“ ќе мора да дадат најмалку еден гол на „Стемфорд Бриџ“ ако сакаат пласман во финалето, а тренерот Зинедин Зидан е оптимист и верува дека на соодветен начин ќе можат да одговорат на предвизвикот против „сините“.

-Резултатот е фер. Челси започна силно и брзо. Се боревме, беше тешко. Кога постигнавме гол, започнавме да ја контролираме играта. Во второто полувреме бевме многу подобри и поконкретни. Важно е што сме живи и да не чека друг натпревар.

-Генерално, задоволни сме од сработеното. Знаеме дека сме добри на гостувањата. Знаеме како треба, иако тоа нема да биде воопшто лесно. Тие покажаа дека се конкурентни. На крајот на краиштата, тие одиграа 16 натпревари без примен гол, тоа е јасно. Не сме без причина во полуфиналето. Тоа го покажаа и во Мадрид, -рече Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни