Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан: Горд сум на моите момци, но Челси заслужи да игра во финалето

Објавено

на

Реал Мадрид не успеа да дојде до ново финале во Лигата на шампионите, односно на нивниот пат застана премиерлигашот Челси кој покажа повеќе во двомечот и со вкупни 3-1 обезбеди билет за Истанбул.

Шпанскиот шампион беше немоќен вечерва пред се во второто полувреме во кое домаќините имаат многу 100 процентни шанси, но до 85 минута сепак постоеше надеж дека можат да го одведат дуелот барем во продолженија, ама по голот на Маунт стана јасно дека Челси е противникот на Манчестер Сити во борбата за пехарот.

-Може тоа да се каже, тие заслужија да победат. Се боревме и се обидувавме да победиме и пласираме понатаму. Играчите кои настапија беа подготвени за игра. Горд сум на моите момци, дојдовме до тука, на еден меч до финалето. Челси одигра одличен натпревар и мина понатаму, мораме да им честитаме, -истакна тренерот Зинеди Зидан.

-Секако дека не сме среќни. Кога ќе загубиш полуфинале, не можеш да бидеш среќен, тоа е нормално. Тешко е, ама веќе утре ќе се вратиме на терен и ќе бидеме спремни за акција. Мораме да бидеме подобри во нападот. Не направивме шанси, тие имаа можности, тоа е фудбалот. Ама како што кажав горд сум на момците. Сега ќе се одмориме и ќе размислуваме за Ла Лига, -дополни предводникот на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни