Поврзете се со нас

Шпанија

Жорди Алба за непријатната епизода која му ја режираше Барселона: Веќе ништо не ме изненадува во фудбалот!

Објавено

на

Жорди Алба прерасна во легенда на Барселона и цели десет години е во првиот тим на каталонскиот великан, но ниту тоа не му донесе гаранција за мирен крај на летниот преоден рок.

Во последните 24 часа од трансфер пазарот, левиот бек беше понуден на Интер од страна на Барселона, но самиот фудбалер ја стопираше операцијата и реши да остане во клубот, без оглед на тоа со каква минутажа ќе располага во новата сезона.

Многумина ова го протолкуваа како огромно непочитување кон фудбалерот кој освои се што можеше да се освои со Барселона, а сега конечно со коментар за непријатната епизода се јави и шпанскиот репрезентативец.

– Не се работи за тоа дали ми изгледа тоа правилно и праведно, или не. Ситуацијата е таа што беше, на крајот секој постапува онака како што сака и како што мисли.

– Јас сум тип кој сака се да се каже лице в лице, сакам да комуницирам така со цел свет и сите знаат дека сум таков. Можеа работите да се направат подобро, но после се што видов во фудбалот, веќе не ме изненадува. Сакам да зборувам повеќе, но ова е доволно, – изјави Алба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни