Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс: Навивачите на Атлетико не знаат што се случи…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоао Феликс одново беше стрелец за Барселона во соочувањето со Атлетико Мадрид, овојпат на „Ванда Метрополитано“ каде каталонците славеа со 3-0.

Португалецот беша автор на првиот гол со кој се отвори резултатот за да потоа Роберт Левандовски и Фермин Лопез го докрајчат составот од шпанската престолнина.

Офанзивецот не беше најдобро дочекан од домашните навивачи, постојано имаше свирежи, навреди за него што доволно говори какво мислење имаат за него. Жоао се обиде да им се обрати по натпреварот и им испрати порака дека тие едноставно не знаат што се случувало со него внатре во клубот, додека беше во Атлетико.

-Навивачите на Атлетико не ги знаат работите што се случија овде додека бев тука. Навивачите не знаат што се случи овде внатре, ги разбирам, но не треба да ме гледаат како лошо момче. Дури и мојот однос со играчите на Атлети е многу добар, -порача Феликс за „ЕСПН“.

Само да потсетиме офанзивецот се уште е играч на „душекџиите“, односно тој е само позајмен во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни