Поврзете се со нас

Англија

Жезус имал успешна операција на коленото

Објавено

на

Бразилскиот репрезентативец и воедно член на Арсенал, Габриел Жезус имаше успешна операција на десното колено.

Офанзивецот се повреди на дуелот против Камерун на Светското првенство, па проблемот мораше да го санира со оперативен зафат. Неговиот клуб соопшти дека се минало во најдобар ред и дека сега Жезус ќе го започне процесот на рехабилитација, закрепнување.

-Сите во клубот го поддржуваат Габи и ќе работат напорно за да го вратат на теренот што е можно поскоро, -порачаа од таборот на „топчиите“.

Останува да се види колкава ќе биде паузата за напаѓачот, некои информации велат дека се во прашање неколку месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни