Поврзете се со нас

Свет

„Земјотрес“ во Грција: Слукас си замина од Олимпијакос и премина во најголемиот ривал

Објавено

на

Костас Слукас не успеа да се договори со Олимпијакос за продолжување на соработката и со тоа го заврши вториот мандат во клубот од Пиреја.

Тој се поврзуваше со враќање во Фенербахче или преселба во некој од клубовите од Белград, но ниту една од тие опции нема да се реализира затоа што еден од најдобрите плејмејкери на стариот континент ќе премине во Панатинаикос.

Медиумите кај нашиот јужен сосед информираат дека Слукас добил понуда што не можел да ја одбие, тригодишен договор вреден 10 милиони евра. Овој негов потег дефинитивно носи „земјотрес“, потрес во грчката кошарка и меѓу навивачите затоа што многу добро се знае какво е ривалството меѓу Олимпијакос и Панатинаикос.

Костас има играно цели десет години за „црвено-белите“, па навивачите на овој клуб дефинитивно нема да му го простат овој потег, преселбата кај директниот конкурент кој под водство на Атаман прави тим за големи работи во наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни