Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Загреб ја освои Битола, Пелистер останува на „нула“ и по десет средби во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз од Загреб од 23:22 во последниот меч во оваа календарска година во Лигата на шампионите.

И покрај големата желба конечно да се освои првиот бод/бодови во елитната конкуренција, избраниците на Ангеловски не успеаа да ја остварат таа цел или поточно тоа не им го дозволи најдобриот хрватски клуб кој секогаш беше чекор два пред нашиот првак.

Загреб го имаше и неверојатниот Мандиќ кој забележа 20 интервенции, а кога е еден голман има таква бројка на одбрани е навистина тешко да се дојде до позитивен резултат. Гостите беа подобри во првиот дел, имаа контрола на резултатот, играта и на пауза односоа предност од 13:10.

Пелистерци заиграа подобро по одморот, ама не се доведоа во ситуација да направат пресврт, односно ривалот секогаш имаше одговор кога беше најпотребно. На крајот Загреб го запиша четвртиот триумф во конкуренција, додека битолчани остануваат на „нула“ и по десет кола.

Кузмановски со 8 гола беше прв стрелец, Гедбан имаше 13 одбрани. Кларица со 5 погодоци беше најефикасен играч кај победникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни