Поврзете се со нас

Македонија

Воска Спорт ангажираше лев бек од Црна Гора

Објавено

на

foto: FB/F.C Voska Sport

Воска Спорт ќе игра во првата лига во натпреварувачката 2023/2024 и за таа цел ќе се обиде да создаде што поквалитетен тим и со тоа се претстави во најдобро издание во елитната домашна конкуренција.

Нов член на клубот од Охрид е 29-годишниот Црногорец, Никола Стијеповиќ. Последен клуб на Стијеповиќ е Сутјеска, а претходно има искуство со играње во Албанија и Грузија.

Никола е лев бек со офанзивни задачи кој со македонскиот прволигаш потпиша двегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни