Поврзете се со нас

Боречки спортови

Волкановски покажа големина и по болниот пораз од Махачев: Не сакам да губам, но… (Видео)

Објавено

на

Александар Волкановски долго го посакуваше реваншот со Ислам Махачев во лесна категорија, а УФЦ му овозможи такво нешто на настанот кој се одржа вчеравечер во Абу Даби.

Австралиецот со македонско потекло беше главен предизвикувач на неприкосновениот шампион во својата категорија, но за разлика од првата борба, „Александар Велики“ овојпат не го измачи фаворитот какошто посакуваше.

Волкановски на првата борба во Перт издржа пет рунди и беше поразен по контроверзна судиска одлука, но овојпат мораше да признае пораз и да му подаде рака на ривалот од кого доби брутален нокаут уште во првата рунда.

Двајцата борци покажаа како треба да се однесуваат професионалци во УФЦ и по една гладијаторска борба, а Волкановски демонстрираше џентлменски манири и со изјавата, но и со потегот во „бекстејџот“.

– Одлична поставеност од негова страна и одличен удар. Тешко ми е, не сакам да губам и тоа навистина боли. Но, тој е голем шампион и ако не се подготвите правилно, гледате што може да ви направи. Тој е толку добар и сите заслуги одат кон него, – изјави Волкановски, кој потоа покажал класа и заминал во боксот на Махачев за лично да му честита за одбранетиот шампионски појас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни