Поврзете се со нас

Автомобили

Во очекување на златниот јубилеј на фирмата, бесплатни тестирања за клиентите!

Објавено

на

Компанијата „Макбат“ е препознатлив бренд каде што граѓаните можат во секое време да побараат совет и мислење за секаков тип на проблем врзан за напојувањето со енергија која што е складирана во акумулатори и други слични тела. Модерните времиња уште повеќе го потенцираат значењето на ваквиот тип енергија, бидејќи се повеќе човештвото има потреба од уреди кои се поврзани на одреден извор на енергија на тешко достапни локации.

Стремејќи се кон својот златен јубилеј, фирмата веќе години наназад ги отвора вратите за бесплатни консултации на заинтересираните за акумулатори на сите типови патнички, товарни и специјални возила, како и за новите програми поврзани со сончевите колектори и фотоволтаици. Нашата експертиза не е само во продажбата, бидејќи корените ни се токму во сервисирањето и техничката поддршка, што ни овозможило да стекнеме углед и да се профилираме како фер компанија која има чесен однос со своите долгогодишни клиенти.

Имено, „Макбат“ ги бележи своите почетоци во сега веќе далечната 1968 година. Првиот дуќан бил лоциран во самиот центар на главниот град (близу денешната Триумфална капија) и претставувал еден од ретките коишто во тоа време биле во приватна сопственост, но од самиот почеток бил специјализиран исклучиво за поправка и одржување на акумулаторски батерии. Со развојот на автомобилската индустрија во поранешна Југославија, како и со зголемувањето на понудата на пазарот, следи проширување на компанијата којашто почнува да работи и како застапништво за неколку брендови на акумулатори.

Во 1986 година започнува уште едно ново поглавје од историјата на фирмата. Се отвора и надградува модерниот сервис во Кисела Вода, а истовремено се вложува во сопствен магацински простор. Тоа претставува основа за компанијата успешно да ги преброди транзициските предизвици кои следуваат со распаѓањето на пазарот во поранешна Југославија и дотогашниот начин на стопанисување.

Останувајќи верни на своите корени, специјалистите за акумулатори од „Макбат“ во својата професионална биографија досега имаат заведено продажба од околу 900.000 акумулатори во различни области на намена. Автомобилскиот програм е најбогат и најдобро покриен, при што низ годините секогаш се водело грижа за понудата, избор на повеќе различни брендови, пристапни за секој џеб. Паралелно со него се развивал и усовршувал програмот и понудата за мали и големи товарни возила, кој и овозможил и на компанијата и несекојдневна посебна специјализација во делот на возила кои не се среќаваат често, како на пример оние кои се лоцирани во големите логистички складишта, или пак за оние од армискиот возен парк.

Оваа 2021 година исто така и носи несекојдневен јубилеј од 20 години на компанијата какоексклузивен застапник за акумулаторскиот бренд „MONBAT“ и 5 години од почетокот на застапништво за акумулаторските батерии „DURACELL“.

Денеска бизнисот не познава граници и секаде каде што е потребна енергија, се бара и стручно мислење за напојување преку енергија складирана во батериите, особено ако нема опција за поинаква. Така, се работи и со акумулатори коишто даваат поддршка за непречена работа на телекомуникациските оператори, а со развојот на идеите за користење на сончевата енергија, полека но сигурно се етаблира и програмата којашто е наменета за соработка со оние кои инвестираат во таканаречените фотоволтаици.

Затоа, „Макбат“ е многу повеќе од продажба и сервис на акумулатори. Отворени сме за секој што сака да побара совет за било каков проблем, или пак идеи и експертиза при справувањето со ситуации во кои имаат потреба од енергија. Контактот со нас може да биде директен или со посредство на некое од 120-те продажни места во земјата, кадешто „Макбат“ дистрибуира производи од својата програма, или пак, во некои од 20-те сервисни центри со кои денеска се соработува на територија на цела Македонија. Затоа, во пресрет на 50-годишниот јубилеј од основањето на фирмата, слободно може да се каже дека првиот специјализиран сервис во Македонија и натаму ги има најдобрите експерти од областа, коишто можат да понудат решение за различни типови на проблеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни