Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Вардар првпат киксна во третото коло, Воска Спорт самостоен лидер

Објавено

на

Екипата на Вардар има сериозни амбиции да се врати во фудбалската елита во Македонија, но по добриот старт во воведните две кола, денеска го запиша и првиот кикс во Втората лига.

Фаворизираниот тим од Скопје отпатува во Радовиш со цел да се врати со три бода, но освои само еден во дуелот против Детонит кој се покажа како тврд орев.

Вардар поведе со голот на Мицевски пред крајот на првиот дел, додека во второто полувреме, Зоран Андонов израмни на 1:1 и тоа се покажа како конечен резултат.

Во третото коло, прв кикс запиша и амбициозниот Гостивар кој со истиот резултат ремизираше со Беса, додека Воска Спорт сега е прва по третата победа, оваа остварена над Каменица Саса со 0:4.

Три бода освои и Пелистер со триумфот над Арсими од 0:1, па така со седум поени е на делба на втората позиција со Детонит, Вардар и Гостивар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни