Поврзете се со нас

Италија

Влаховиќ испрати мотивирачка порака откако Јувентус остана без 15 бода: Кога мислат дека сме паднале…. (Фото)

Објавено

на

Водечките луѓе во Серија А веќе ја искалкулираат големата промена и одземаа 15 бода од контото на Јувентус, без оглед на тоа што клубот најави дека ќе поднесе жалба за одлуката која ја донесе Федералниот суд.

Јувентус беше казнет со одземени 15 бода од федералниот судија откако претходно пристигна такво барање од страна на спортскиот обвинител од Италијанската Федерација, поради што составот на Макс Алегри „потона“ на првенствената табела и сега е десетти со 22 бода наместо освоените 37.

Самиот Алегри денеска порача дека за Јуве ќе биде пеколно тешко да избори место во Лигата на шампионите наредната сезона, но ако нешто е сигурно, тоа е дека никој во Јувентус не планира да се предаде и да се откаже.

– Ние не сме исплашени од губење на неколку бодови. Ние не сме исплашени од засукување на ракавите. Ние не се плашиме од нашите противници, ние не сме исплашени од ништо.

– Бидејќи кога мислат дека сме паднале, ние се враќаме посилни од било кога. Тоа сме ние, тоа е Јувентус, – порача Влаховиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни