Поврзете се со нас

АТП

Виландер: Последна сезона за Надал? Веројатно…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrisbaneTennis

Рафаел Надал требаше да се врати на терените во 2024 година, поточно да има поактивна улога, меѓутоа се уште се соочува со одредени проблеми и најдобар доказ за тоа е што досега настапи само на турнирот во Бризбејн.

Тој потоа се повлече од Аустралијан Опен, имаше најава за кам-бек на Индија Велс, ама ништо од тоа не се реализираше и останува отворено прашањето околу неговата подготвеност. Легендарниот Матс Виландер е познат како фан на Шпанецот, но и тој е свесен дека се ближи крајот на големиот грен слем шампион.

-Кога ќе го видите тој натпревар во Лас Вегас и како тој тренира и игра голф и слично, дефинитивно ќе помислите дека е добро и здрав. Меѓутоа кога се откажа, беше јасно дека не е здрав. Нема шанси Рафа да отиде толку рано во Индијан Велс како во Австралија, кога стигна во Бризбејн, изгледаше добро неколку натпревари и потоа се откажа. Тоа не беше затоа што беше исплашен, туку затоа што беше повреден, -рече Матс и додаде:

-Тој навистина покажува знаци дека навистина сака да се врати и затоа верувам дека ќе го видиме во Париз. Ако не, тоа ќе биде само затоа што се чувствува повреден и не сака да ја влоши. Зошто? Затоа што тој сè уште гледа во иднината. Дали е ова последна сезона за Рафа? Можеби. Веројатно.

-Не сум сигурен, ама сигурно не сме го виделе последното од него во натпреварувачка смисла кога чувствува дека е на 100 проценти. Мислам дека тој се уште го чека тој момент, -заклучи Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни