Франција
Верати влезе во игра и направи глупост, ПСЖ прими наивен гол во 96. минута (Видео)

Големите фаворити во европскиот фудбал имаа навистина лош ден во изминатите 24 часа, а изненадувачките резултати беа комплетирани со натпреварот на „Паркот на принцовите“.
ПСЖ не успеа да го победи Ремс и испушти два сигурни бода на домашен терен, и тоа откако прими гол во самата завршница од судиското продолжение.
Играчите на Галтие изреагираа наивно и свој посед претворија во контра за гостите, а тоа знаеше како да го казни Балогун во 96-та минута.
Претходно, Нејмар погоди за 1:0 на стартот на вториот дел, но можеби клучен момент беше глупоста која ја направи Марко Верати, по која гостите играа со човек повеќе од 59-та минута.
Верати влезе во игра на стартот на вториот дел и направи глупост по само 10 минути игра, но со мало задоцнување му беше покажан црвен картон четири минути подоцна (после ВАР проверка).
😡 | Cette vilaine faute de Marco Verratti sur Junya Ito… 🟥 #PSGSDR pic.twitter.com/9b51UHdUAa
— Eleven Sports (FR) (@ElevenSportsBEf) January 29, 2023
FT | Le @StadeDeReims explose de joie en égalisant à la dernière seconde face au PSG ! 😍🙌 #PSGSDR pic.twitter.com/jt6yxEqVk7
— Eleven Sports (FR) (@ElevenSportsBEf) January 29, 2023
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……