Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Велшкиот маестро Марк Вилијамс заспа за време на снукер меч

Објавено

на

Марк Вилијамс важи за една од најголемите снукер ѕвезди, но Велшанецот успеа прописно да се посрамоти за време на меч од британскиот шампионат.

46-годишниот Вилијамс задремал за време на дуелот со Ентони Вилијамс од второто коло на престижниот турнир, кој подоцна и го загуби со 6:5.

Велшанецот подоцна признал дека се чувствува засрамено од тоа што се случило пред снукер аудиториумот во Јорк, но се оправда со продолжените последици од ковид-19.

– Триесет години сум професионален играч, ова е првпат да заспијам на столче.

– Беше 3:2 и јас се исклучив. Кога се разбудив пет секунди не знаев каде сум и што се случува. Беше засрамувачки, но очигледно дека не е најдобра солуција да играм навечер, бидејќи се чувствувам заморено, – изјавил Вилијамс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни