Поврзете се со нас

Македонија

Васоски емотивно се прости од легендата на Западот: Не напушти најкреативниот навивач (Фото)

Објавено

на

Навивачката група „Комити“ преку Фејсбук се огласи за голема загуба во својата група, соопштувајќи и на јавноста дека еден од основачите го загуби долгата битка со болеста.

„Комитите“ со огромно жалење се простија од Горан Костадиновски – Гокси, човекот на кој сите фанови на Вардар гледаа како легенда од Западната трибина, но и воопшто на македонската спортска и навивачка сцена.

– Со неверување ја примаме и соопштуваме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена.
Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.
Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови…најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк…
Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.
Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.
Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави !, – гласи објавата на Комити, по која се огласи и актуелниот тренер на фудаблскиот тим, Александар Васоски.

– За жал, денеска не напушти еден од најкреативните навивачи на Вардар, креатор на многу навивачки песни. Горан Костадиновски Гокси. Почивај во мир другар мој, нека ти е лесна земја, – напиша Васоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни