Македонија
Вардар со реакција за случувањата во Чаир: Го осудуваме националистичкото дивеење на навивачите, доминираа политики кои треба да бидат санкционирани!
Екипата на Вардар доживеа пораз во дуелот со Шкупи на вчерашниот меч во Чаир, дуел во кој домашните навивачи не се прославија и испратија силни националистички пораки.
На ова денеска стигна реакција од „црвено-црните“ кои побараа казна за однесување, пораките на „Шверцерите“. Ова соопштение ви го пренесуваме во целост:
Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир.
За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки, кои немаат никаква врска со спортот.
Недозволиви беа пораките, со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво!
Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски – Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир. Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано!
Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал вчера, наместо да доминира фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани!
Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги превземат неопходните мерки, со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него