Поврзете се со нас

Македонија

Вардар потврди засилување пред дербито со Шкендија

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

Вардар дефинитивно не е во ситуација да се бори за титулата и да се надева на поволно место при врвот на табелата, но тоа сепак не ја менува традицијата кога се во прашање дуелите со Шкендија.

Дерби си е дерби и позицијата на табелата не е важна пред ваквите пресметки, па Вардар утре како последнопласиран на табелата ќе го предизвика лидерот во Првата македонската фудбалска лига.

По освоениот бод против Брегалница, фудбалерите на Васоски ќе го имаат најтешкиот предизвик утре на домашен терен во Маџари, натпревар пред кој „црвено-црните“ се пофалија дека добиле засилување на десната бековска позиција.

– Тони Стојковски е нов фудбалер на ФК Вардар. Роден е на 09.12.1994 година во Мелбурн, а досега настапувал во втората шпанска лига во тимот на Картагена, во Црна Гора во Арсенал Тиват, како и во екипата на Пелистер, – гласи објавата на Вардар, во која се проследната и изјавата на играчот:

– Чест е да се биде во клуб како што е Вардар. Чест е да се биде во клуб кој има толку голема база на навивачи и славно минато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни