СЕХА лига
Вардар немилосрден против младинците на Војводина, Ф4 во СЕХА е само формалност
Слично како Еруфарм Пелистер, денеска и Вардар се најде на чекор од Ф4 турнирот во СЕХА лигата, кој дефинитивно треба да биде само формален со оглед на огромната предност стекната денеска во Скопје.
Македонскиот првак беше пресилен за Војводина која дојде да игра со подмладен состав во македонската престолнина, што се покажа како кобно против расположен противник.
„Црвено-црните“ беа ранети по шокот кој го доживеаја од Алкалоид во домашното првенство, па се чини сиот свој бес го истурија врз младите играчи на Војводина кои немаа што да бараат во „Јане Сандански“.
Победата од 38:25 не ветува неизвесен дуел на реваншот кој се игра на гостински терен, па целта ќе биде само да се доработи започнатото и да се потврди пласманот меѓу најдобрите во СЕХА.
Јан Чувара беше несопирлив за ривалите и постигна 10 поени, но фантастичен беше и Моралес кој запиша осум погодоци зад своето име. Десет погодоци на спротивната страна забележа и Симо Сијан.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Румениге: Го пониживме Реал со 9:1, но сега тие станаa нашата „бела мачка“!
-
Германијапред 23 часа
Милер: Само една работа ќе одлучува за наша победа на „Бернабеу“
-
Лига на шампионипред 8 часа
ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)
-
Евролигапред 9 часа
Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Фудбалска бравура од Шпанија: Дали ова е најдобро изведениот пенал во историјата? (Видео)
-
НБАпред 23 часа
Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Карагер му пресуди на најтрофејниот играч во Јунајтед: Време е да оди во МЛС или Саудиска Арабија!
-
Репрезентацијапред 8 часа
Ракометарите тренираа во Торшавн, екипата е подготвена за битка со Фарски Острови