Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар ја сподели најпријателската фотографија од ракометната класика против Кјелце

Објавено

на

Фото: РК Вардар 1961

Вардар не успеа да се справи со Кјелце на домашен терен и претрпе нов пораз во Лигата на шампионите, натпревар кој се играше со посебни емоции и поради фактот што двајца ракометари на полскиот тим беа вардарови ракометари во минатото.

Душебаев веќе од поодамна е дел од Кјелце, додека Игор Карачиќ беше дел и од втората титула на Вардар во Лигата на шампионите, која се уште го прави нашиот тим актуелен европски шампион.

Легендарниот Хрват ги имаше за противници своите добри пријатели, а официјалниот профил на Вардар сега издвои една интересна фотографија од мечот во која Тимур и Игор завршуваат во прегратка.

– Кога ќе се сретнат двајца добри, стари и искрени пријатели…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни