Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Еурофарм прокнижија бодови во ракометниот плејоф

Објавено

на

Еурофарм Пелистер и Вардар ги освоија бодовите во денешните средби од македонскиот ракометен плејоф, задржувајќи ја досегашната ситуација на врвот на табелата.

Во салата „Боро Чурлески“ во Битола, Еурофарм Пелистер доби отпор од Охрид, кој по негативата од три гола на полувреме, во вториот дел стигна и до израмнување, но не го издржа последниот удар на актуелниот лидер во плејофот.

На крајот битолчани победија со 29:23, а најефикасни биле Мандалиниќ со 5, односно Периќ, Граџан и Костески со по 4 гола.

Вардар не дозволи уште една грешка против вториот тим на Еурофарм и победи на гостински терен со 19:22.

Актуелниот шампион имаше гол позитива на полувреме, но до крајот успеа да одржи позитива со која стигна до важните бодови.

Георгиевски со 7 гола беше најефикасен во редовите на црвено-црните.

Во третиот плејоф дуел денеска, Бутел го победи Тиквеш со 32:29, додека во плејаут пресметките, Тинекс Пролет и Струга стигнаа до победи над Прилеп, односно Радовиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни