Поврзете се со нас

Македонија

Вардар доминантно до полуфиналето во македонскиот Куп

Објавено

на

Вардар ја оправда фаворитската улога во својата група и лесно се пласираше како првопласиран во самата завршница на Купот, или поточно си обезбеди билет во полуфиналето.

„Црвено-црните“ се актуелни бранители на титулата во најмасовното натпреварување и сигурно ќе сакаат да ја искористат добрата форма да се борат за трофејот и оваа сезона, па со пласманот на Ф4 турнирот се чекор поблиску до тоа.

Избраниците на Владо Недановски немаа проблеми против Голден Арт и во директниот дуел за место меѓу четирините најдобри не му дадоа никаква шанса на ривалот, кој на крајот загуби со девет голови разлика.

Прашањето околу победникот беше решено уште во првите 30 минути кои му припаднаа на Вардар со 17:9, а во вториот дел се одржуваше високата предност и домаќините лесно стигнаа до конечен триумф од 32:23.

Стефан Петриќ беше најдобар поединец и постигна девет погодоци на натпреварот, по кој варрдар Вардар стана третиот патник во полуфиналињата по Тиквеш и Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни