Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ВАР лудило: Судијата поништи гол на Порто поради пенал во претходната акција, епилогот беше неверојатен (Видео)

Објавено

на

Главниот фокус на европските случувања вчеравечер беше во Милано, односно најголемо внимание привлече натпреварот меѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите.

Дербито во Милано донесе две контроверзни ситуации во второто полувреме и луѓето од Барселона се сметаат за максимално оштетени од судијата Винчиќ, но сепак најголемата судиска лудорија вчеравечер се случи во Португалија, а не во Италија.

Порто со два гола во вториот дел успеа да го победи Баер Леверкузен со 2:0, но она што се случи на крајот на првиот дел можеше да му даде еден сосема понаков тек на мечот.

Домашниот тим постигна гол за 1:0 во 42-та минута, но Ентони Тејлор го поништи истиот поради пенал во претходната акција и наместо 1:0, Леверкузен доби огромна шанса за 0:1.

Патрик Шик ја презема одговорноста, но напаѓачот на Баер не го реализираше ударот од 11 метри и со тоа се заврши ВАР лудоријата која траеше повеќе од три минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни