Поврзете се со нас

Боречки спортови

УФЦ спектакл: Холовеј го покоси Гејџи, Переира експресно го среди Хил (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

УФЦ фановите со нетрпение го очекуваа ивентот кој беше организиран утринава во Лас Вегас, а на кој настапија голем број актуелни и поранешни шампиони и кој ги исполни нивните очекувања.

Покрај неизвесните соочувања во неколку категории, вниманието го свртеа нокаутите кои ги испорачаа Макс Холовеј и Алекс Переира во дуелите Џастин Гетџи, односно Џамахал Хил.

Переира не губеше време во дуелот за титулата со Хил и го нокаутираше противникот уште во првата рунда, со што Бразилецот останува со шампионскиот примат во полутешка категорија.

Холовеј се соочи со Гетџи за нестандардната „БМФ“ титула, а двајцата борци режираа атрактивен финиш во кој прифатија пресметка на средината на октагонот.

Двајцата испорачуваа жестоки удари, пред еден од нив да се покаже како кобен за Гетџи, кој падна на подот и ја означи победата на Холовеј. Ваквото сценарио на неколку секунди до истекот на последната рунда значеше и еден од највозбудливите и најлегендарни нокаути во историјата на УФЦ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни