Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА подготвува драконска казна за агресивниот Ал Келаифи!

Објавено

на

Насер Ал Келаифи се покажа како лош губитник и шпанските новинари открија како се однесуват првиот човек на ПСЖ по поразот од Реал Мадрид, информации кои беа потврдени и од страна на главниот судија на мечот во Мадрид.

Судијата Макели во својот записник објасни како Ал Келаифи агресивно пристапил кон собата на судиите и ги нападнал за арбитражата, а друштво му правел и директорот Леонардо кој сепак бил далеку посмирен од својот надреден.

Ал Келаифи дошол до физички контакт со еден од помошниците и му го скршил знаменцето кое го имал во рака, па правниците кои се блиски до УЕФА сега откриваат дека Европската Федерација најверојатно ќе изрече драконска казна за оваа постапка.

УЕФА вчера информираше дека е отворена истрага против Ал Келаифи и Леонардо, со тоа што Тони Рока денеска објаснува дека двајцата можат да добијат суспензија од дури 15 натпревари.

– Поради пореда на членот 11 и членот 15 од Кодексот на УЕФА, во дадениот случај има добра содржина за да се изрече максимална казна од 15 натпревари. Дисциплинскиот кодекс на УЕФА содржи механизми за изрекување казна која може да достигне најмногу 15 натпревари, – објаснува правникот Тони Рока.

– УЕФА исто така го задржува правото да ја замени казната и наместо да се држи до одреден број натпревари, да примени период на суспензија од неколку месеци, – дообјаснува Рока, директор на Институтот за спортско право и извршен директор на адвокатската канцеларија Химнус.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни