Лига на шампиони
Тухел со искрено објаснување за двојната измена: Тие не беа доволно добри

Челси максимално го искористи фактот што Порто не играше на домашниот „Драгао“ на првиот натпревар од закажаните две четвртфинални пресметки, а „сините“ од Лондон по вторпат оваа сезона покажаа дека стадионот во Севилја навистина им лежи во најелитното натпреварување.
Откако ја победија Севилја на „Рамон Санчес Писхуан“, изминатава вечер си заработија убава предност од 0:2 пред реваншот на домашен терен против Порто, натпревар кој според Томас Тухел нема да биде воопшто едноставен, бидејќи португалскиот состав е познат по тоа што никогаш не се откажува во Лигата на шампионите.
Германскиот стручњак одново имаше одредени ротации и во стартната постава го немаше Нголо Канте, а при резултат 0:1, ги извади двајцата свои сонародници од кои призна дека не бил задоволен.
– Навреме сфатив дека ова беше тежок меч за Тимо Вернер и за Каи Хаверц, не беа доволно добри вечерва. Немавме добра конекција меѓу седуммината во одбрана и средина и оние тројца во нападот.
– Двајцата Германци не беа на потребното ниво и затоа сакав да видам реакција од клупата. Пулишиќ имаше добар моментум, а Жиру по добро го памети овој стадион од првото гостување оваа сезона. Најдобра одбрана е нападот, среќен сум што добив резултат со играчите од клупата. Имаа позитивно влијание и завршивме половина од работата. Сега не чека иста таква работа и на домашен терен, – изјави Тухел.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 18 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо