Поврзете се со нас

Германија

Тухел сериозно ќе смета на јануарското засилување кое не беше во прв план кај Нагелсман: Го обожавам

Објавено

на

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел е актуелен во јавноста со изјавите за тоа како го гледа својот нов тим во иднина.

Тухел беше запрашан и за состојбата со Жоао Кансело, фудбалер кој направи изненадувачки трансфер во Минхен во јануарскиот преоден рок. Тогаш Португалецот се реши да ја прифати понудата за позајмица на Баерн Минхен, но иако започна со одлични партии потоа падна во втор план кај Нагелсман и не играше доста често.

Сега, новиот тренер на „баварците“ најави дека тоаќе се промени затоа што Кансело ги има највисоките квалитети што може да ги има еден играч.

– Го обожавам Жоао Кансело. Тој апсолутно ги има највисоките квалитети кои ги поседува еден играч,игра со левата и десната нога и е врвен додавач.

– И повеќе од среќен сум што е овде, ќе ни треба допрва. Убеден сум дека ќе игра на врвно ниво за нас, -изјави Томас Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни