Поврзете се со нас

Македонија

Тренерска смена во Ѓорче Петров: „Лавовите“ се разделија со Симов

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров денеска претрпе убедлив пораз во дуелот со Струга Трим Љум, пораз по кој управата на клубот се реши да му врачи отказ на тренерот Горан Симов.

Симов седум месеци ги водеше „лавовите“ од Ѓорче Петров, период во кој успеа со клубот да го освои трофејот во Купот на Македонија.

Ѓорчепетровци не се прославија со настапот во Европа, а во актуелнава сезона се на 9. место во ПМФЛ со освоени 11 бода.

Следниот меч за Македонија е против Вардар во Купот, па останува да видиме дали до среда скопскиот прволигаш ќе добие нов тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни