Поврзете се со нас

Балкан

Тренерот на Звезда беше исклучен во дербито, но пронајде начин да дава инструкции на теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Екипата на Црвена Звезда со голем пресврт успеа да слави над Партизан со 83-75 во полуфиналето на Купот на Србија.

„Црвено-белите“ губеа и со 18 разлика во Ниш, но не се откажаа, покажаа упорност, карактер и го суредија лутиот ривал со што се само на еден чекор до нов трофеј.

Звезда дојде до овој резултат и без тренерот Душко Ивановиќ кој збесна во првото полувреме кога неговиот тим беше очаен и беше исклучен од арбитрите поради неговите реакции, зборови упатени кон нив. Меѓутоа тој се снајде и од тунелот даваше инструкции до помошниците кои потоа тоа го пренесуваат на вистинско место.

Ривал на Звезда за пехарот во Купот е екипата на Мега Баскет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни