Поврзете се со нас

Конференциска лига

Тренерот на Левски: Сакавме да бидеме многу поубедливи, но има и вакви денови во фудбалот

Објавено

на

Foto:instagram.com/pfclevskiofficial

Левски ја „умртви“ играта на реванш дуелот против Шкупи во второто квалификациско коло во Конференциската лига и се пласираше во следната рунда, откако со конечни 3:0 го елиминираше македонскиот претставник во Европа.

Тимот од Чаир имаше неизмерно тешка задача после поразот од 2:0 во Скопје, но иако замина во Софија со цел да се надигрува и да остави добра слика, на крајот претрпе минимален пораз.

Шкупи прими гол длабоко во судиското продолжение и загуби со 1:0, а тренерот на домашниот тим призна дека неговиот тим не одиграл допадлив фудбал за око.

– Најмногу од се ми се допадна атмосферата на трибините. Голот кој го постигнавме на крајот беше подарок за публиката. Не бевме убедливи на овој меч, сакавме да бидеме поубедливи и да постигнеме неколку гола, но некогаш има и вакви денови.

– Тежиштето на играта беше во дефанзивата и средниот ред, во нападот речиси да не се случи ништо. Не можевме да играме прост фудбал со две или три додавање. После убедливата победа над Локомотив, како играчите да беа изморени. Како и да е, има вакви натпревари во фудбалот и добро е што се пласиравме без проблеми, – изјави тренерот на Левски, Николаи Костов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни