Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Елмас: Никој не е среќен што ќе игра со Наполи

Објавено

на

Наполи на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас доби интересна група на денешната ждрепка за Лигата на шампоните, група во која се англискиот вицешампион Ливерпул, холандскиот првак Ајакс и екипата која лани играше во финалето на лига Европа, Ренџерс.

Ова дефинитивно е најава за возбудлив фудбал, возбудливи битки и тоа го знае искусниот предводник на наполитанците, Лучијано Спалети.

-Добивме тешки противници, но дозволете ми да кажам, ниту еден од нив нема да биде многу среќен што ќе игра против Наполи. Ова е многу тешка група, бидејќи речиси сите се на ова ниво, но многу е комплицирано да се прогнозира какви се нашите шанси за пласман во следната фаза.

-Најважно ќе биде да се осигураме дека сме на висина на задачата кога играме во најпрестижното клупско натпреварување на планетата. Ако го направиме тоа, тогаш автоматски ќе ги зголемиме нашите шанси за напредок, -рече Спалети.

-Ние сме во група со три екипи кои го претставуваат најдоброто во историјата и традицијата на европскиот фудбал. Станува збор за три легендарни клубови кои играат во храмовите на европскиот фудбал, Арената Јохан Кројф, Енфилд Роуд и стадионот Ајброкс. Ова е вистинско длабоко нурнување во историјата и традицијата на европскиот фудбал, -дополни предводникот на составот од Неапол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни